Помош:Категории
Напомена: Уредувајќи ја страницата, се согласувате вашиот придонес да се објави под лиценцата CC0. Повеќе за ова ќе дознаете на „Помош за јавна сопственост“. |
Категориите се програмски дел од МедијаВики кои претставуваат автоматски пописи (индекси) на страници кои служат за преглед на содржината.
Страниците и податотеките се категоризираат со нивно ставање во една или повеќе ознаки Категорија во текстот на страницата. Ознаките создаваат врски најдолу во страницата, кои ве водат кон списокот на сите страници во таа категорија, така олеснувајќи го прелистувањето на сродни страници.
Преглед
Секоја од страниците во именскиот простор Категорија претставува т.н. категорија, односно група сродни страници и содржи индекс на страниците во таа категорија. На пример, оваа страница припаѓа на „Категорија:Помош “. Ако ја отворите, ќе видите врска до оваа страница.
Кога имаме страница што припаѓа на една или повеќе категории, категориите стојат на дното од страницата (или пак горниот десен агол, зависно од рувото што се користи).
Самите категориски страници се состојат од два дела:
- на почетокот, незадолжителниот дел може да содржи текст што може да се уредува, како во секоја друга страница,
- на крајот стои траен автоматски создаден азбучен список на страниците во таа категорија, во облик на врски. Впрочем, по уникодниот редослед на подредување.
За да и здадете категорија на некој страница, едноставно внесете „[[Категорија:Назив на катгоријата]]“ на дното од страницата.
За да ставите врска до категориска страница во текст на содржинска страница (а без да ја заведете во категоријатаа), пред врската ставете две точки. На пример: [[:Категорија:Не во оваа категорија]]
Новите категории обично се создаваат пред да се стават страници во нив, и тоа на начин како секоја друга страница.
Поединечните викија имаат свои врховни категории, како што е на Википедија.
Целосен список на сите категории што содржат барем по една страница ќе најдете на Special:Categories.
Целосен список на сите создадени/уредени категории, вклучувајќи ги оние без ниедна страница во нив, ќе најдете на Special:Allpages/Category: (двете точки на крајот се важни).
Ставање страница во категорија
За да ставите страница или податотека во категорија, едноставно одете да ја уредите и ставете го следниов текст (каде Назив е називот на категоријата во која ја ставате страницата).
[[Category:Назив]]
Во страницата можат да се стават низа ознаки Category, и таа ќе се заведе во секоја од нив. Ознаките Category заедно со јазичните врски кои стојат во страничникот обично се ставаат на самото дно од страницата.
Кога една страница е категоризирана, категориите се прикажуваат во полето „Категории:“ строго по редоследот во кој се јавуваат во викитекстот.
(барем во МедијаВики 1.18.2) ако категоријата е поткатегорија на повеќе од една матична категорија, ќе се наведат обете хиерархии, но означената категорија ќе се тргне од сите освен една. Ова потенцијално создава навидум дуплирани ставки ако на страницата е означена категорија со повеќе матични категории и една од нејзините матични категории. На пример, нека Социополитика е поткатегорија и на Социологија и на Политика. Ако страницата ги означи категориите Социополитика и Политика, тогаш трошките под „Категорија“ ќе прикажат
Anne Anne Mary -> Maryanne
„Политика“ навидум е дуплирана, но впрочем се има предвид следново:
Anne Anne -> Maryanne Mary -> Maryanne
Ова е грешка, која веќе е пријавена како phab:T35614.
Подредувачки клуч
Стадардно зададено е страницата да се поредедува по првата буква од името — без именскиот простор.
Исто така, МедијаВики ги групира буквите со надредни знаци посебно од нивните прости верзии, па така страниците што почнуваат на À, Á, Ä се заведуваат посебно, наместо под A.
(Ако имате пристап до обвивката, стадардно зададените подредувања можат да се сменат користејќи $wgCategoryCollation
.)
Подредувачкиот клуч укажува под која буква да се заведе страницата во категоријата. Клучот се задава во категориската ознака, со негово ставање по права црта. На пример, ознаката подолу ќе ја заведе категоријата под „К“.
There are two ways in which you can customise the category sortkey:
- Generically, for all categories, by adding the DEFAULTSORT magic word on the page.
- On an individual 'per category' basis, by placing the value inside the tag after a pipe character. For example, the tag below will add the page under heading "S".
[[Category:Назив|Клуч]]
Дали подредувањето ќе разликува големи и мали букви зависи од вашите поставки. Редоследот во една категорија се води според оној на Уникод. Клучот не го менува насловот на страницата што се прикажува во категоријата.
Пробелите и другите знаци се сосема полноважни.
Создавање на категориска страница
Категориите постојат дури и ако страниците не им се создадени, но ваквите категории се изолирани од другите и немаат употребна вредност во организација на и снаоѓање по страниците.
Категоријата се создава со создавање на страница во именскиот простор Категорија:. Се прави на ист начин како секоја друга страница (погл. Help:Starting a new page ); само ставете „Category:
“ пред насловот на страницата.
За да избегнете непотребна работа, побарајте дали категоријата постои на викито пред да создавате нова. Список на сите категории ќе најдете на „Службени страници“ во кутијата „алатки“ во страничникот.
Уредување на категориската хиерархија
Енда категорија може да припаѓа на други категории, на хиерархиски начин. Бидејќи категориската страница е мошне слична на секоја друга, на дното од категориската страница може да се стави ознаката Category.
Се препорачува сите категории да се уредат (организираат) во хиеерархија која завршува со една врховна категорија. Оваа структура може да има облик на дрво со посебни гранки, но почесто има структура на график. Начелно треба да има непрекината верига на поврзаности „матична категорија-поткатегорија“ помеѓу секоја категорија и врховната.
Категориско дрво
Почнувајќи од МедијаВики 1.31, додатокот CategoryTree е вклучен по основно, овозможувајќи им на Special:CategoryTree и <categorytree>
да ги прикажуваат категориите во дрвовидна структура.
Скриени категории
Категориите на кои припаѓа една страница обично се наведени на дното од страницата. Во МедијаВики 1.13+, може да се скриваат категорииод списокот користејќи го волшебниот збор „__HIDDENCAT__
“ во категориската страница.
Корисниците можат да изберат да ги гледаат скриените категории во посебен список „Скриени категории“, штиклирајќи ја можноста „Прикажи скриени категории“ во поделокот „Изглед“ од Special:Preferences.
Скриените категории автоматски се ставаат во Category:Hidden categories. Оваа категорија е посочена во системската порака MediaWiki:Hidden-category-category.
Ставање врска до категорија
За да направите врска до категорија, ставете две точки пред неа (без двете точки, врската до категоријата нема да ви се појави во текстот, туку ќе ја заведете страницата во неа)
[[:Category:Help]]
→ Category:Help
За да го смените текстот на врската, напишете го во рамките на ознаката за врска, по правата црта:
[[:Category:Help|Помошна категорија]]
→ Помошна категорија
Пренасочувачките страници за категории исто така мора да користат две точки; во спротивно, ќе бидат ставени во категоријата наместо да пренасочуваат.
Категории и предлошки (превклучени страници)
Ако ставите [[Category:Cats]]
во предлошката (превклучена страница), како предлошката, така и страниците што ја превклучуваат ќе бидат категоризираат како Cats.
Ако сакате да се категоризира само предлошката, ќе треба да внесете категориски обележувач во ознаките <noinclude>
.
Ако сакате да се категоризираат само стрниците, но не и самата предлошка, ќе треба да внесете категориски обележувач во ознаките <includeonly>
.
Поради проблемите со меѓускладирање, уредувањето на категории зададени преку предлошки може да потрае подолго пред да биде видливо насекаде. Можете да направите празно уредување на страницата за веднаш да ги подновите нејзините категории.
Пренасочување на категорија
Како и нормалните викистраници, категориските страници можат да се пренасочуваат кон други нормални или категориски страници. Меѓутоа, ова не се препорачува, бидејќи страниците ставени во пренасочена категорија не се префрлаат во целната (phab:T5311). На некои места ќе сретнете шаблон со кој се означува пренасочена категорија, но тој служи како известување дека страниците треба да се префрлат во новата категорија рачно или со алатка.
Следечки категории
Извесни проблеми во синтаксата како што се неправилни врски за слики или премногу оптоварувачки расчленувачки функции се причина една страница да биде ставена во следечка категорија. Also, extensions may add pages to tracking categories, for example Category:Pages with math errors . Повеќе ќе прочитате на Help:Tracking categories .
Преименување на категории
Ако преместувате категорија, бидејќи пренасочувањето на работи за категоризација, сите категориски ознаки ќе бидат погрешни, па затоа ќе треба да ги поправите.
Поврзано
- Category:Category extensions
- Доколку можноста CategoryExplorer е наместена на true, под првиот список, секоја категорија се се наведува повторно, во стилот „трошки“, со сите нејзини матични категории, подредена по азбучен ред.