Help:Како да воспоставите фонтови
Outdated translations are marked like this.
Напомена: Уредувајќи ја страницата, се согласувате вашиот придонес да се објави под лиценцата CC0. Повеќе за ова ќе дознаете на „Помош за јавна сопственост“. |
Оваа страница нуди помош со рачната воспоставка на преземен фонт на вашиот сметач. Зависно од оперативниот систем и неговата верзија, проследете ги долунаведените напатствија.
Windows
Windows XP
- Затворете ги сите програми.
- Прекопирајте го преземениот фонт во папката C:\Windows\Fonts.
Windows Vista и Windows 7
- Затворете ги сите програми.
- Стиснете со десно копче на фонтовите што сакате да ги инсталирате.
- Ќе се појави мени, па одберете > Install.
Linux
GNOME
- Отворете го фонтот со прегледувачот на фонтови.
- Во него стиснете на копчето за инсталирање.
KDE
- Стиснете со десното копче на фонтовите што сакате да ги инсталирате.
- Ќе се појави мени, па изберете > Install Font.
Воспоставка за сите корисници на сметачот
- Зачувајте ги фонтовите во посебна папка. На пример: „Преземања/фонтови“.
- Отворете го терминалот и задајте ја наредбата:
sudo cp -R ~/Downloads/fonts /usr/share/fonts
Mac OS X
- Довлечете ги саканите фонтови во папката за фонтови во Библиотеката.
Mac OS 10.3 и понови верзии
- Стиснете два пати на фонтот за да го отворите користејќи FontBook.
- За да го инсталирате само за вас: стиснете > копче Install Font.
- За да го инсталирате за сите корисници: изберете > Preferences и изменете ја > Default Install Location од „User“ на „Computer“. Потоа стиснете > копче Install Font.