MediaWiki 1.20/wmf1/mk
Ова е краток преглед на статија објавена на техничкиот блог на Викимедија. Можете да се претплатите на RSS-каналот на блогот за да добивате известувања за слични соопштенија.
Спроведување на МедијаВики 1.20wmf1 во проектите на Викимедија edit
Најновата верзија (со ознака „1.20wmf1“) на МедијаВики, програмот на кој работи Википедија и братските проекти, моментално се спроведува на сите мрежни места на Викимедија, во постепени фази.
Започнавме на 10 април, и ќе продолжиме сè до 25 април (погл. напредокот).
Имаме намера отсега да ја спроведуваме најновата верзија на програмот на секои две недели. Ова е со намера да има што помалку прекини во работата и да го олесни утврдувањето на причинителите на проблемите (бидејќи потенцијално проблематичниот код ќе биде многу поскорешен).
Што има ново
Ова се прилично мали промени, ако се споредат со претходните верзии.
Најголемото подобрување што ќе го забележите е новиот стил за разлики во уредувањата (разл).
Други промени:
- нова можност во Special:PrefixIndex и Special:AllPages за криење на пренасочувањата;
- врска најгоре на страницата за преоѓање на прозорецот за уредување при преглед на промените;
- „Создавате“ наместо „Уредувате“ во насловот на страницата;
- врска до релевантното уредување во известувањата по е-пошта за промени во списокот на набљудувања;
- подобро сосредоточување (во разликите и предвчитувањето) на основната порака при прилагодување на посредничката порака во именскиот простор МедијаВики.
Програмерите исто така на повеќе начини го подобрија „подвозјето“ на програмската опрема. Еве Поподробен список на промени, како и полн список во белешките за нацрт-верзијата.
Доколку наидете на проблеми
Доколку наидете на проблеми врзани со надградбата и покрај сите наши усилби; ќе се обидеме да ги исправиме во најкраток можен рок. Проблемите пријавувајте ги нашиот следач на грешки (таму проверуваме пријавени проблеми). Што побргу нè известите, тоа побргу ќе ги поправиме.